ВАР не функционираше… Барселона доби сомнителен пенал (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Сомнителен пенал врз Ламин Јамал во моменти кога не функционираше ВАР

Барселона против Рајо Ваљекано на полувреме замина со 0-1, голот го постигна Ламин Јамал откако „каталонците“ добија сомнителен пенал и тоа кога видео технологијата не функционираше.

Барселона често е критикувана дека ја има наклонетоста на судиите, а така ќе биде и по вечерашното гостување кај Рајо Ваљекано.

„Каталонците“ на полувреме заминаа со предност од 0-1, голот го постигна Ламин Јамал од белата точка, а досудениот пенал беше сомнителен и тоа кога видео технологијата не функционираше.

Младата ѕвезда на Барселона имаше еден продор, се ослободи од двајца фудбалери а потоа на него налета Пеп Чавариа.

Ламин Јамал немаше целосна контрола на топката, но дојде до контакт а судијата Бускетс Ферер досуди најстрога казна и покрај протестите од фудбалерите на Рајо и тренерот Ињиго Перез.

ВАР не функционираше, па не се прегледуваше ситуацијата и остана одлуката долу на теренот.

Дали Барселона доби ветер во грб, а Рајо е оштетен, проценете сами:

Можно е и ова да ти се допаѓа

×