334
Џенова дојде до победа
од 2-0 над Специја на домашен терен во рамките на 33 коло од италијанската
Серија А, а капитенот на нашата најдобра фудбалска репрезентација Горан Пандев
можеше повторно да се запише на листата на стрелците.
Сепак, неговиот
гол во 28 минута беше поништен со помош на ВАР технологијата откако беше
утврдено дека Дестро извршил прекршок врз гостинскиот голман Проведел.
Пандев играше на
мечот до 56 минута, а сезонава постигна шест погодоци на 24 натпревари во
дресот на Џенова која со 36 бода засега има осум бода предност од Каљари кој на
18 позиција е во зоната за испаѓање, но и меч повеќе.