Клуб Бриж беше блиску до победа над големата Барселона, мечот заврши 3-3, Манчестер Сити со убедливи 4-1 ја совлада Барселона, Интер се намачи да го совлада Каират Алмати, славеше со 2-1.
Клуб Бриж и Барселона одиграа фантастичен меч, белгискиот тим трипати водеше и не успеа да дојде до трите бода.
Бриж поведе со гол на Тресолди уште во шестата минута, но само две минути подоцна Торес изедначи на 1-1. И овој резултат траеше кратко, Форбс во 17. минута погоди за предност на домаќините од 2-1.
Во 61. минута Јамал изедначи на 2-2, а само три минути подоцна Форбс со својот втор гол на натпреварот донесе и трето водство за Бриж. Но Цолис си постигна автогол во 77. минута за 3-3.
Течеше судиското продолжение кога се случи дилириум во Бриж, четврти гол, Вермант погоди, но по прегледување на ВАР беше досуден фаул врз Шчесни.
Манчестер Сити славеше сигурена победа над Борусија Дортмунд, момците на Пеп Гвардиола немаа проблем да дојдат до трите бода.
Два од головите на Манчестер Сити беа дело на Фил Фоден, по еднаш погодија Халанд и Черки.
Интер со 2-1 беше подобар од Каират Алмати. Нероазурите поведоа со гол на Лаутаро Мартинез пред крајот на првото полувреме, но Арад по десет минути игра во вториот дел израмни на 1-1. Карлос Аугусто во 67. минута ја донесе победата.
Аталанта со гол на Самарџиќ во 90. минута победи на гостувањето кај Марсеј со 1-0.
Гостинска победа од 1-0 славеше и Баер Леверкузен над Бенфика. Португалскиот тим се изнапромашува, двапати ја погоди и пречката, а Германците со еден гол на Шик во второто полувреме дојдоа до трите бода.
Њукасл со головите на Брн и Жоелинтон славеше со 2-0 над Атлетик Билбао.
Галатасарај со хет-трик на Осимен го победи со 3-0 Ајакс во Амстердам, два од головите беа од пенал.
Претходно Пафос со 1-0 го совлада Виљареал, а Карабах и Челси одиграа 2-2.