ВАР го спаси Милан од пораз против Фиорентина на Сан Сиро! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Милан и Фиорентина одиграа 2-2 на Сан Сиро, гостите во 89. минута постигнаа и трет погодок, но тој беше поништен поради офсајд.

Фиорентина имаше фуриозен почеток на мечот, со голови на Кин по само десет минути игра поведе со 2-0.

Милан со погодок на Абрахам во 23. минута намали на 2-1 и се врати во игра.

Во 64. минута Лука Јовиќ реализираше за израмнување на 2-2.

Двете екипи имаа шанси за победа, а на трет гол се израдува Фиорентина, но добија студен туш од ВАР.

Додо даде убав гол во 89. минута, а откако прекинаа со радоста, судијата се консултираше со ВАР и покажа офсајд позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани