ВАР два пати пресече во корист на Ливерпул, „црвените“ дома не знаат за пораз на 50 натпревари (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во претпоследниот натпревар во Премиерлигата во 2019, Ливерпул славеше во пресметката со Вулверхемптон и победнички ја заврши годината.

Избраниците на Јирген Клоп стигнаа до три бода со помош на ВАР. Видео технологијата најпрво ја преиначи одлуката на судијата Тејлор, односно досуденото играње со рака од страна на Лалана, и го призна голот на Мане во 42. минута.

Пет минути подоцна Вулверхемптон изедначи, но ВАР одново беше на помош на домаќините и го поништи голот поради милиметарски офсајд па резултатот остана 1-0.

„Волците“ се обидоа да му ги поматат сметките на фавориот во продолжението од мечот, креираа неколку шанси но беа очајни во завршницата и од добри прилики не успеаја да го стават Алисон на сериозен тест.

Па Ливерпул на крајот се радуваше на 18. победа на 19 натпревари во Премиерлигата. Исто така, „црвените“ испишаа клупски рекорд откако дома не знаат за пораз на 50 натпревари во низа во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×