ВАР дебитираше во ЛШ со контроверзија, поништениот гол на Ајакс против Реал ги подели фудбалските љубители (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По серијата грешки во групната фаза, УЕФА побрза да го имплементира ВАР веќе во нок-аут фазата иако првичните планови беа видео технологијата во Лигата на шампионтие да започне да се употребува од сезоната 2019/20.

Вечерва на мечот помеѓу Ајакс и Реал Мадрид, ВАР дебитираше и секако мораше да биде со контроверзија. Во првиот дел од пресметката помеѓу Ајакс и Реал Мадрид, по еден корнер на домаќините, Де Лихт биеше со глава а Куртоа реагираше неспретно и лошо одби. Прв до одбиената топка стигна Таљафико кој со глава од пет метри ја затресе небранетата мрежа.

Но по речиси две минути комуникација помеѓу судијата со ВАР собата и прегледување на снимките, Скомина реши да го поништи голот. Душан Тадиќ се чини дека за нијанса е во офсајд и стоеше пред Куртоа, судијата сметаше дека Србинот му смета на голманот на Реал од нелегална позиција и затоа не го призна голот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×