604
Eкипата на Торино утре ја очекува натпреварот против Парма, а пред овој дуел тренерот Паоло Ваноли го пофали македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Ваноли е задоволен од она што го прикажува Елмас на теренот откако пристигна во италијанскиот клуб од Лајпциг, но очекува да биде и уште подобар.
„Големо прашање е дали Елмас е во форма, верувам дека можем да биде уште подобар. Очекував значаен придонес од него и задоволен сум како од него, така и од другите две засилувања. Елмас е фудбалер со одлична техника и поради тоа на моменти изгледа како да не трча премногу“, изјави Ваноли.
Од враќањето во Серија А, Елмас постигна два гола и покажа дека може да биде големо засилување за Торино.