Сопругата, а
воедно и агент на напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, Ванда Нара тврди дека не би
имало никаков проблем да му се врати капитентската лента на Аргентинецот во
тимот на Нероаѕурите.
Гостувајќи во
една емисија, таа одговараше и на прашања на медиумите, кои секако се однесуваа
на напаѓачот на Интер кој предизвика лавина од реакции откако одбиваше да
тренира со тимот подолг период откако му беше одземена капитентската лента.
„Целото наше
семејство се Интеристи, ние сме во Милано и ќе останеме тука, во тоа сум
сигурна 100%, ние исто така ја обновивме школарината на нашите деца“ рече
Ванда.
„Ќе видиме дали
ќе му биде вратена капитентската лента, тоа не би било никаков проблем“ посочи
таа, но, од друга страна пак, сигурно со нејзините зборови не се согласуваат
навивачите на Интер, оние најверните кои ја користат секоја можна прилика јасно
да му ја покажат на Икарди излезната врата од клубот.