Ванда одби да зборува за состанокот со Интер, но откри што сака Икарди

by
1 минути читање

Ванда вели дека главната желба на Икарди е тој да остане во Интер и да ја продолжи кариерата во клубот кој го сака. Таа се надева дека недоразбирањата брзо ќе бидат надминати.

„Мауро сака да остане во Интер“, изјави Ванда Нара.

„Работам на тоа тој да се чувствува добро и да се смирме со клубот. Исто така одбравме адвокат кој е фан на Интер“.

„Дербито? Коленото е проблем кој не е измислен. Тој се грижи за себе 24 часа во текот на денот. Во моментов здравјето е негов приоритет можеби затоа што во моментов не се чувствува важен за тимот“.

„Зошто не бевме на стадионот на мечот со СПАЛ? Останавме дома со нашата фамилија и во домашна атмосфера го гледавме мечот. Не затоа што ни беше страв да не бидеме исвиркани. Тоа го договоривме и со клубот“.

„Почесто зборувам со Марота сега отколку со Мауро со цел да се избегнат било какви недоразбирања“.

„Требаше да победиме и победиме. Среќна сум. Префрерирам да не зборувам многу за состанокот бидејќи за нас интеристите оваа недела беше тешка. Можам само да кажам дека состанокот беше позитивен како и секогаш кога ќе седнеме да дискутираме сериозно“.

„Мауро сака да ја продолжи кариерата во Интер. Се надеваме дека се ќе биде решено во колку што е можно побрзо“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×