Ванда до Лукаку: Би било убаво да гледаме голови од тебе на големите натпревари

by
1 минути читање

Сопругата а воедно
и агент на Мауро Икарди, Аргентинецот кој во ПСЖ настапува како позајмен од
редовите на Интер, Ванда Нара го критикуваше напаѓачот на „Нероаѕурите“, Ромелу
Лукаку, поради тоа што, според неа Белгиецот е невидлив на големите натпревари
за тимот од Милано.

Токму Лукаку беше
идентификуван како наследник на Икарди во нападот на Интер под кормилото на
Антонио Конте, по трансферот од Манчестер јунајтед вреден 65 милиони евра
,
а 26 годишниот Белгиец на 17 настапи
досега постигна 12 погодоци во дресот на Интер.

Би било убаво да
го гледам него како постигнува голови на големи натпревари. Во Лигата на
шампионите, тој не можеше да се истакне на позначајните моменти, а сега ќе ја
гледа завршницата од тоа натпреварување на ТВ
“ рече Ванда.

Можете да го
критикувате Икарди колку што посакувате, меѓутоа, вистината вели дека
последната „деветка“ во тој клуб кој постигнал повеќе од 120 погодоци за Интер
е токму Икарди, никој друг
“ додаде таа.

Коментарите на
Ванда доаѓаат по коментарите на еден навивач на Интер, поточно извесен Џакомо
Валенти во текот на „ТикиТака“ шоуто, кој наведе дека Лукаку е посветен на
клупските обврски, а со Икарди било сосема поинаква приказна во периодот кога
Аргентинецот беше дел од Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×