Ван Перси седнува на клупата на клуб кој ќе игра во осминафиналето од ЛШ?

by Стефан
1 минути читање

Робин Ван Перси според последните информации е многу блиску да седне на клупата на холандски Феенорд.

Феенорд го елминираше Милан во плеј-офот од Лигата на шампионите, меѓуто тимот на неколку дена пред тој дуел остана без тренерот Брајан Приске, па е во потрага по негова замена.

Ван Перси сезонава страна тренер и ја презема екипата на Херневен и во овој клуб има солидни резултати. Медиумите пренесуваат дека преговорите помеѓу двете страни се во завршна фаза.

Холандскиот тим во овој момент го предводи Паскал Бошарт кој е тука како привремено решение. Посебно е интересно што Феенорд има можност да се сретне со Арсенал во осминафиналето во Лигата на шампионите и ако Ван Перси седне на клупата би се соочил со својот поранешен клуб каде што помина одличен период како фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×