Феенорд се наоѓа во сериозна резултатска криза која дополнително се продлабочи со поразот од Селтик во Лигата на Европа. Под сè поголем притисок е тренерот Робин ван Перси, а последниот потег што го направи отвори уште повеќе прашања.
Ван Перси против Селтик реши да го внесе во игра својот син Шакил, па токму тоа беше тема на новинарско прашање по натпреварот.
„Таа одлука ја донесов како тренер, а не како татко. Ни требаше гол. Шакил е играч кој може да постигне гол од секоја ситуација. Тоа беше причината зошто го внесов. Од татковска гледна точка кога вашиот син дебитира тоа секогаш е посебен момент. Но не бев фокусиран на уживање во тој миг, си ја работев својата работа како и Шакил“ изјави Ван Перси.
Шакил ван Перси е роден во Лондон и ги поминал младинските школи на Манчестер Сити и Фенербахче. Има настапи и за младинските селекции на Холандија.