Холандскиот фудбалски стратег Руд ван Нистелрој е назначен за помошник селектор на репрезентацијата на Холандија и во наредниот период ќе биде дел од стручниот штаб на Роналд Куман.
Поранешниот голгетер на Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и ПСВ ќе им се приклучи на „лалињата“ веќе во март, кога националниот тим ќе ги одигра пријателските натпревари против Норвешка и Еквадор, во рамки на подготовките за претстојното Светско првенство.
Во својата тренерска кариера, Ван Нистелрој досега и предводеше ПСВ Ајндховен и Лестер, а кратко беше привремен менаџер и во Манчестер јујнајтед.
Холандија на Мундијалот кој ќе се одржи во САД, Мексико и Канада ќе настапи во групата „Ф“, каде за противници ќе ги има селекциите на Јапонија, Тунис и победникот од европскиот бараж од групата Б“, во кој се натпреваруваат Украина, Шведска, Полска и Албанија.