Руд ван Нистелрој прифатил понуда да стане нов тренер на Лестер, се очекува Холанѓанецот уште овој викенд да се врати во Премиерлигата и да ги предводи „лисиците“ против Брентфорд.
Лестер во понеделникот се раздели со Стив Купер и за брво време најде нов тренер, голем број на извори пренесуваат дека Руд ван Нистелрој ја прифатил понудата на „лисиците“.
Наскоро ќе пристигне официјална потврда, и се очекува Холанѓанецот уште овој викенд да се врати во Премиерлигата и да го предводи Лестер против Брентфорд.
Руд ван Нистелрој минатото лето беше именува за помошник тренер во Манчестер јунајтед, и потоа на привремена основа го презеде кормилото на „ѓаволите“ по отказот на Ерик тен Хаг во октомври.
Во краткиот престој покрај аут линијата како предводник на Манчестер јунајтед, тој два пати го победи Лестер во период од 10 дена, прво со 5-2 во Лига Купот, а потоа со 3-0 во Премиерлигата.