620
Лестер е во криза, а како што сега стојат работите Руд Ван Нистелрој нема уште долго да издржи на тренерската позиција, англиските медиуми пишуваат за тензии во соблекувалната.
Руд Ван Нистелрој збеснал по некој пораз на Лестер и малку фалело да предизвика тепачка во соблекувалната.
Тој вербално ги нападнал своите играчи, а потоа Факундо Буонаноте го кренал гласот, по што тренерот ги загубил нервите и малку фалело да се случи тепачка.
Двајцата си кажале тешки зборови, по што Буонаноте наводно побарал од Брајтон да ја прекине позајмицата и да се врати во клубот.