Руд ван Нистелрој вели дека Манчестер јунајтед е единствениот клуб каде што прифаќа да биде асистент и со задоволство ја врши таа функција, би останал да му биде десна рака и на Аморим.
Минатото лето Ван Нистелрој требаше да стане прв тренер на Барнли, но доби повик од Манчестер јунајтед за асистент на Тен Хаг и го прифати.
„Да останам тука со Аморим? Јас сум тука да помогнам. Манчестер јунајтед е единствениот клуб во кој би бил асистент. Мора да кажам дека навистина уживав во улогата. Ја извршував улогата со голема посветеност и гордост“, рече Ван Нистелрој.
Сепак се чини дека Ван Нистелрој ќе мора да замине од Манчестер јунајтед кога ќе пристигне Рубн Аморим.
Португалскиот стратег изјави дека со него ќе го земе и стручниот штаб од Спортинг, тоа бил еден од неговите услови за да потпише за Манчестер јунајтед. Потенцираше дека за неговиот успех се заслужни и помошниците.