Ван Гал се пензионираше

by
1 минути читање

Луис Ван Гал се
повлекува од фудбалот, негов последен ангажман беше на кормилото на Манчестер
јунајтед, а откако си замина од Олд Трафорд пред три години, не доби понуда
која веројатно ќе го вратеше, а сега реши да стави крај со фудбалот и да се
пензионира.

Мојата сопруга
Трус се повлече од своето работно место пред 22 години, постојано ме следеше и поддржуваше
низ земјите каде работев, и ветив дека ќе се повлечам кога ќе наполнам 55
години, но, наместо тоа продолжив до 65, колку што имам во моментов
“ рече Ван
Гал во интервјуто за ВТБЛ.

Довчерашниот
холандски фудбалски стратег освои 20 трофеи во својата тренерска кариера, а ги
предводеше екипите на Ајакс, Барселона, АЗ Алкмар, Баерн Минхен, Манчестер
јунајтед, а беше и селектор на Холандија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×