Холанѓанецот во
2014 го превзеде кормилото на „ѓаволите“, требаше да го врати клубот на
победнички патеки откако Дејвид Мојс не успеа да го стори тоа по заминувањето
на Сер Алекс Фергусон во пензија.
Но Луј ван Гал не
успеа да импресионира во двете години поминати на Олд Трафорд, фановите често
му замеруваа дека игра негативен фудбал, па управата на клубот реши да го
донесе Жозе Мурињо.
Искусниот стратег
сега проговори за престојот во Манчестер јунајтед и ја бранеше својата
фудбалска филозофија.
„Не е точно дека
мојот фудбал бил негативен. Велите дека бил здодевен? Зошто? Ние игравме
офанзивно и можеби ви делува дека е здодевен бидејќи противниците го паркираа
автобусот“ – вели Ван Гал.
„Луѓето мисламт
дека имаме „фејк њуз“ откако Доналд Трамп стана претседател. Во фудбалот имаме
„фејк њуз“ 50 години“.
„Тренерот кој дојде
по мене (Мурињо) ја промен тактиката, почна да го паркира автобусот и да игра
на контри. Сега има нов тренер кој исто така го паркира автобусот и игра на
контри. Главната разлика помеѓу Мурињо и Солскјер е тоа што Солскјер носи
победи“.
„Се чини дека Оле
донесе некои промени, атмосферата е сосема друга а и Пол Погба има нова улога и
игра на позиција каде може да дојде до израз. Но начинот на
кој игра сега Манчестер јунајтед е далеку од начинот на кој играше под водство на Фергусон. Сега
пристапот е дефанзивен и се игра на контри. Доколку мислите дека е повозбудлив
од мојот здодевен офанзивен фудбал, во ред. Но јас не гледам така на работите“.
„Со ваков стил,
Манчестер јунајтед може да ја освои и Лигата на шампионите бидејќи играат
дефанзивно и многу е тешко да ги победите. И без разлика дали ќе ви се допадне
ова или не, сето ова е резултат и заслуга на работата на Мурињо“.
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, регистрирај се ТУКА.