За Катар да биде домаќин на Мундијалот, ФИФА за првпат дозволи да се игра Светско првенство во ноември и декември.
Домаќинот постојано е обвинуван за кршење на човековите права при изградба на стадионите, а се јавуваа и афери за корупција при избор на домаќин на Светското првенство.
Катар не е фудбалска земја, оваа игра таму нема традиција, но ФИФА под изговор дека сака да го развива фудбалот и таму, реши тие да бидат домаќини.
Луј ван Гал јавно одлучи да го каже тоа што го знаат сите, Катар е домаќин само поради тоа што има пари.
„Смешно е што ќе играме во Катар. ФИФА вели дека целта ѝ е да го развива фудбалот и во таа земја. Како се развива фудбал? Со организација на турнир? Тоа е глупост. Знаеме дека станува збор за пари и комерцијален интерес. Тоа е тоа што ѝ е важно на ФИФА“, изјави Ван Гал.
Холандија обезбеди место на Светското првенство кое ќе се игра од 21. ноември до 18. декември.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.