Ван дер Варт на најлуд начин го пофали Роналдо: Единствениот фудбалер на кого не сум му го видел пен*сот!

by bojan
1 минути читање
Роналдо

Поранешниот фудбалер на Ајакс, Хамбургер, Реал Мадрид и Тотнем, Рафаел ван дер Варт на најлуд начин посочи каква била посветеноста на Кристијано Роналдо, вели дека никогаш не го видел пен*сот на Португалецот бидејќи прв доаѓал на тренинг и последен си одел.

Сите фудбалери кои тренирале и играле со Кристијано Роналдо се импресионирани од посветеноста на Португалецот, неговиот пристап кон тренинзите и здравиот живот, па затоа тој и на 39 години е во топ форма и игра на врвно ниво.

Рафаел ван дер Варт сега го повтори она што многумина го кажуваа минатото, но Холанѓанецот тоа го стори на најлуд начин.

„Како шега секогаш сум велел дека Роналдо е единствениот фудбалер на кого не сум му го видел пен*сот! Тоа е така бидејќи тој прв доаѓаше на тренинг и последен си одеше“ – вели поранешниот играч на Ајакс, Хамбургер, Реал Мадрид и Тотнем.

„Кога ќе му го погледнев телото, си велев „Леле, па овој е машина!“ И беше далеку пред времето. Денешните фудбалери ги прават работите кои тој ги правеше пред 10-15 години“.

„Неговиот тренинг, работата со теретана, исхраната, спиењето… тоа беше многу поважно отколку да одработи еден екстра тренинг“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани