Едвин ван дер Сар
инсистира на тоа дека Ајакс може до ново чудо во Лигата на шампионите, по
сензацијата над Реал Мадрид во осминафиналето, на ред е двомеч со Јувентус во
четвртфиналето.
„Ќе биде доста
возбудливо против Јуве“ рече главниот извршен директор на холандскиот тим,
инаку поранешен чувар од мрежата на голот на Јувентус, како и Ајакс.
„Среќни сме
поради фактот што ќе играме во четвртфиналето, игравме на едно високо ниво
против Реал Мадрид и сега се надеваме дека можеме да го повториме тоа и против
Јувентус во Амстердам“ најави Холанѓанецот.
„Тимот има полна
самодоверба, може да дојде до победа над Јуве, имаме млад состав и додадовме
некое искуство во истиот, како на пример Тадиќ, односно Блид“ заклучи
поранешниот голман.
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com и добиј до 100 ЕУР БОНУС на прв депозит, регистрирај се ТУКА.