Ван де Бек потврди дека се водат преговори за негов трансфер во Мадрид: Реал стапи во контакт со Ајакс

by
1 минути читање

Холанѓанецот
силно се поврзува со преселба во Мадрид во последните неколку дена, многумина
сметаат дека тој е „планот Б“ откако ангажманот на Пол Погба се покажал како
многу тежок, но има и извори кои велат дека Реал се обидува да ги купи двајцата
фудбалери.

Дони ван де Бек,
кој денеска настапи за Ајакс и забележа гол и асистенција против Витезе,
потврди дека се преговара за негов трансфер на Сантијаго Бернабеу.

„Вистина е дека
Реал оствари контакт со Ајакс, но не можам да кажам ништо повеќе“
– вели фудбалерот
од средниот ред.

„Моите агенти
исто така разговараа со Реал. Се работи за голем клуб, но и Ајакс е голем клуб.
Ќе видиме што ќе се случи и каде ќе играм во иднина“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани