Ван де Бек може да замине од Ајакс, но нема да биде на попуст

by
1 минути читање

Ван де Бек е еден од играчите на Ајакс кои силно се поврзува со европските гиганти како Барселона, Реал Мадрид, Тотнем, Манчестер јунајтед…

„Минатата година имавме вербален договор со Онана, Таљифико и Ван де Бек да останат уште една сезона, а потоа ќе им помогнеме да го направат следниот чекор во кариерите. Ништо не е променето околу тоа“, вели Ван дер Сар.

„Но тоа не значи дека се на 50% попуст. Клубовите можат да заборават на тоа“.

Ајакс прави голем профит од генерацијата која стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите. Минатото лето заработи повеќе од 150 милиони евра само од продажбата на Френки де Јонг и Матијс де Лихт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×