Ван Дајк за одлуката на Арнолд да замине: Нема подобро место од Ливерпул

by Стефан
1 минути читање

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, се огласи по најавата дека соиграчот Трент Александер-Арнолд на крајот од сезоната ќе го напушти клубот во кој ја започна својата кариера.

Александер-Арнолд пред неколку дена објави дека заминува од „Енфилд“, велејќи дека му било тешко да донесе таква одлука, но чувствува дека е време за нов предизвик. Според најавите, тој ќе потпише договор со Реал Мадрид пред почетокот на Светското клупско првенство.

Ваквиот потег наидe на остри реакции кај навивачите на Ливерпул. На последниот натпревар на „Енфилд“, дел од фановите му изразија негодување со свирежи, иако до неодамна добиваше овации.

Холандскиот дефанзивец беше запрашан за ситуацијата со Арнолд, а тој порача дека за него нема подобро место од Ливерпул во ој момент.

„За мене нема подобро место од Ливерпул во моментов. Не’ очекува големо лето и верувам во луѓето што ги носат одлуките во клубот. Сигурен сум дека ќе го направат вистинскиот потег. Со нови засилувања, ќе бидеме уште подобри“, изјави ван Дајк по натпреварот со Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×