942
Во Ливерпул се разочарани што загубија два бода на гостувањето на Гудисон Парк и тоа со гол кој Евертон го даде во 98. минута.
Црвените не може да се помират со ремито, на мета е судијата Мајкл Оливер кој се загуби во финишот од мечот, особено по крајот на натпреварот.
„За Евертон ова беше мечот на годината, куп финале. Го знаеме тоа“, рече Ван Дајк по натпреварот.
„Му кажав на судијата дека суди премногу лесни фаули за Евертон. Исти такви фаули не судеше за нас. Неверојатно“.