Ливерпул синоќа водеше со 3-0 против Салцбург и си дозволи австрискиот тим да стигне до 3-3, за среќа Салах даде гол за победа од 4-3.
„Се разбира сите сакаат да видат паника и стрес и да погледаат во негативните работи, но ние не треба да го правиме тоа“, вели Ван Дајк.
„Јас не ни гледам во негативните работи. Знаеме дека можеме подобро, но луѓе сме, не можеме секогаш да одиграме перфектен меч. Понекогаш се случува и ова“.
„Засега ни оди прилично добро оваа сезона. Не треба да го заборавиме тоа по една ваква вечер во која бевме малку неорганизирани“.
„Нема причина за паника, треба да се опуштиме, да видиме што може да подобриме. Можеби ова е и добро. Знаеме дека се уште можеме да напредуваме и ќе напредуваме“.