19-годишниот Матијас Де Лихт летово се очекува да направи голем трансфер, многу гиганти се заинтересирани за неговиот потпис кој вреди околу 75 милиони фунти.
Иако покрај другите за него се интересираат и Ливерпул, Димитар Бербатов смета дека Ван Дајк може да изврши влијание врз неговиот соиграч од репрезентацијата Де Лихт за тој да се пресели во Англија, а тоа би било Манчестер јунајтед.
„Еден од играчите кои би сакал да ги видам на Олд Трафорд е дефанзивецот на Ајакс, Матијас де Лихт иако знам дека секој голем клуб во Европа ќе се обиде да го донесе“, вели Бербатов.
„Го гледав против Реал Мадрид и изгледаше како навистина добра зделка, толку самоуверен и паметен за играч на негова возраст“.
„Тоа што неговиот соиграч од репрезентацијата Вирџил ван Дајк игра во Премиерлигата е предност за секој англиски тим во трката по Лихт“.
„Ван Дајк ќе му каже колку е добра лигата и дека во неа тој може да направи разлика“.
Изјавата на Бербатов и не е многу логична, Ван Дајк ако треба да го убедува Де Лихт, ќе се обиде тоа да го направи за Ливерпул кој исто така е заинтересиран.
Но доколку Манчестер јунајтед му понуди подобри услови тој би можел да заврши на Олд Трафорд.
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.