Ван Дајк гласал за Рахим Стерлинг во изборот за играч на годината. Според него тој е најдобар оваа сезона.
Правилата велат дека не смее да се гласа за играч од својот тим. Но иако можел да одбере некој од Хари Кејн и Еден Азар, Ван Дајк се решил да му го даде гласот на Стерлинг, а вели дека ако не бил тој ќе гласал и за друг играч на Манчестер Сити.
„Гласав за Рахим Стерлинг. Го направив тоа бидејќи така мислев, мислам дека тој заслужува да биде прогласен за најдобар. Има фантастична сезона. Мислам дека можев д агласам и за Бернанрдо Силва како и за уште неколку играчи на Манчестер Сити. Но да бидам искрен, мислам дека тој има голем напредок како играч. Ќе видиме на крајот кој ќе победи“, вели Ван Дајк.
Се верува дека Стерлинг својот глас го дал за Хари Кејн.