Фудбалерите на Ливерпул го продолжија походот кон освојувањето на титулата во Премиер лигата, откако славеа со 2-1 против Вест Хем на својот „Енфилд Роуд“. Поведоа домашните преку Луис Диаз уште во првиот дел, а потоа во продолжениетто Робертсон со автогол донесе егал.
Спасител на „црвените“ беше капитенот Вирџил Ван Дајк кој пред крајот погоди за предност и победа над „чеканите“, како и предност од 13 бода на врвот на табелата.
Голем кикс направи Челси на домашниот меч против Ипсвич Таун (2-2). Фаворитот не ја оправда својата улога на „Стемфорд Бриџ“, па Ипсвич на полувреме водеше со 0-2 со головите на Енџисо и Џонсон. Во вториот дел Туанзебе си даде автогол, па на крајот Џејдон Санчо донесе бод за „сините“.
Тотнем забележа нова бламажа и загуби на гостувањето кај Вулверхемптон со 4-2. Поведоа домашните со головите на Аит Нури и автогол на Спенс. Во вториот дел Тел намали на 2-1, но потоа Ларсен стрела за 3-1. До крајот Ричарлисон накратко ги врати „петлите“ во игра пред Матеус Куња да стави точка на победата.