Ван Дајк доби мега понуда од ПСЖ, разговорот во ходникот на Енфилд не бил случаен!

by riste
1 минути читање

ПСЖ испратил голема понуда за Вирџил Ван Дајк кој на лето може да се пресели во францускиот клуб како слободен играч.

Актуелниот договор на Ван Дајк со Ливерпул истекува по крајот на оваа сезона, па голема е веројатноста дека ќе го напушти Енфилд.

По крајот на мечот меѓу Ливерпул и ПСЖ кој се играше на Енфилд, Ван Дајк беше снимен како во хоадникот од стадионот разговара со претседателот на францускиот клуб Насер Ал-Келаифи и директорот Луис Кампос.

Ван Дајк негираше дека станувало збор за трансфер разговори, но речиси и никој не му поверува бидејќи неговата ситуација со договорот е таква што му дава слобода да разговара со други клубови.

Неколку дена подоцна доаѓаат информациите дека ПСЖ му доставиле понуда на Ван Дајк од 50 милиони евра за две сезони. Тоа е сума која Ливерпул тешко дека ќе може да му ја понуди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани