Ван Дајк: Ако сме искрени, можевме да поминеме и многу полошо

by bojan
1 минути читање
Ван Дајк

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк вели дека е разочаран од ремито против Манчестер јунајтед и додава дека „црвените“ лесно можеле да останат и без овој бод.

Ливерпул и Манчестер јунајтед синоќа одиграа возбудливо реми на Енфилд, гостите поведоа преку Мартинез на стартот од второто полувреме, потоа домаќините направија комплетен пресврт и со головите на Гакпо и Салах стигнаа до 2-1, за Диало да изедначи на 2-2.

Двете екипи во завршницата имаа свои шанси за да ги однесат трите бода, последната закана ја имаа „ѓаволите“, кои преку Мегваер можеа да стигнат до победа во 97. минута.

„Ако сме искрени, можевме да поминеме и многу полошо“ – вели капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк.

„Имаа голема шанса на крајот, па можевме да поминеме многу полошо. Секако, разочаран сум што дома испуштивме бодови, но мораме да се помириме со резултатот и да продолжиме понатаму“.

„Стигнавме до 2-1 и требаше само да го менаџираме натпреварот, да ја држиме топката повеќе во наши нозе, а не само да правиме три-четири додавања. Многу лесно го губевме поседот и на противникот му оставивме многу повеќе посед од тоа што требаше“.

„Не сме перфектни, продолжуваме да учиме и мора да извлечеме поука од овој натпревар“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани