Ван Бомел со едно барање крена голема дебата во Холандија: Што се замислува? Дека ова е Барса…

by bojan
1 минути читање

Марк ван Бомел побарал четворица помошници за да седне на тренерското столче на Твенте, стратегот покрена голема дебата и доби многу критики.

Марк ван Бомел е во потрага на нова работа и неодамна доби понуда да го преземе кормилото на Твенте.

Но еден од условите кои ги поставил е да добие дури четворица помошници, потег кој покрена голема дебата во Холандија.

„Помошниците не те прават шампион, па затоа барањето на Ван Бомел за четворица помошници е навистина смешно“ – вели новинарот Валентијн Дрисен.

„Еден или двајца помошници… тоа го разбирам. Но да донесете цела група на помошници, искрено не го разбирам тоа“.

„Што се замислува? Дека ова е Барселона? Па Твенте нема состав од 40 играчи“.

ФОТО: X/Royal Antwerp FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×