Арон Ван Бисака нема намера лесно да го напушти Олд Трафорд, бара од Манчестер јунајтед да му плати 7 милиони фунти за да направи трансфер во Вест Хем.
Вест Хем пројави сериозен интерес за ангажман на Арон Ван Бисака, преговорите бележеа добар прогес, но последните информации велат дека зделката е во ќор сокак.
Проблемите настанале кога Арон Ван Бисака побарал од Манчестер јунајтед да му плати 7 милиони фунти за да направи трансфер во редовите на „чеканите“.
Десниот бек практично ги уценува „ѓаволите“ и им порачува дека нема ништо против да чека една година и потоа следното лето како слободен агент да замине беспари од Олд Трафорд.
Па доколку Манчестер јунајтед сака нешто да заработи ова лето, ќе мора да му исплати 7 милиони фунти.