Ван Бастен: Бриж беше ограбен против Барса! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Легендата на холандскиот фудбал, Марко ван Бастен смета дека Барселона само поради помош од судија остана непоразена во Бриж.

Клуб Бриж даде гол во 91. минута за 4-3, но Ентони Тејлор со помош на ВАР го поништи погодокот поради фаул врз Шчесни.

Иако повеќето критичари сметаат дека голот е оправдано поништен, со тоа не се сложува и Марко ван Бастен.

„Клуб Бриж беа ограбени вечерва, нивниот четврти гол требаше да биде признаен“, вели Ван Бастен.

„Тој не направи фаул врз Шчесни. Не го ни допре. Шчесни беше оној кој направи да изгледа како фаул, но не беше фаул“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×