Реал Мадрид со 2-1 победи на гостувањето кај Селта благодарение на погодок на Федерико Валверде пред последниот свиреж на судијата.
Кралскиот клуб дојде во водство уште во 11. минута кога Чуамени погоди за 1-0 по одлична асистенција од Ѓулер.
Предноста на Реал траеше кратко, во 25. минута Иглезиас погоди за израмнување на 1-1.
Во финишот од мечот Селта имаше повеќе енергија и беше поблиску до втор гол. Во 87. минута Аспас ја погоди стативата од голот на Куртоа.
Казната стигна кога беше најболно, Валверде погоди во 94. минута за победа на Реал Мадрид од 2-1.
🚨🇪🇸 FEDERICO VALVERDE HAS WON IT IN THE 94TH MINUTE FOR REAL MADRID!
— Winning-Goal (@WinningG0al) March 6, 2026
Celta Vigo 1-2 Real Madrid. pic.twitter.com/hY1cxAlUE6
Погодокот е и контроверзен, во текот на акцијата за гол фудбалер на Реал Мадрид направи фаул кој не го досуди судијата, а ВАР не се огласи.