Шефот на
стручниот штаб на Барселона, Ернесто Валверде говореше за ситуацијата во која
се наоѓа Осман Дембеле, а воедно и го одбрани од, како што и самиот тренер на
Каталонците вели, ‘суровоста’ која медиумите ја имале во атакот кон
него.
„Тој е дел од
составот и сите сакаме да му помогнеме да го даде максимумот од себе. Знам дека
многу се пишуваше за него изминатиов период, на крајот, фудбалер кој поседува
нешто што токму тој поседува, е тешко да се најде, голем талент, технички и
физички, го посакуваме најдоброто од него, секако, тој е под притисок, но, сите
сме“ рече Валверде а притоа и испрати порака до медиумите.
„Не знам (за тоа
дали известувањата на медиумите биле многу сурови кон него), бидејќи, не успеав
целосно да ги разлистам истите, но веќе се појавија две прашања досега а можеа
да бидат пет или шест за него, така, јас претпоставувам дека постоеше некоја
суровост кон него“ додаде стратегот од клупата на Каталонците.
Каталонскиот прес
немаше милост кон Французинот за кого доста гласни беа шпекулациите дека има
проблем со дисциплината, доцнеше на тренинзи, на собири, а доцнеше и на собирот
пред самиот меч со Интер во Лигата на шампионите, момент кој се чини ги надмина
сите граници за веднаш потоа и да биде изоставен од составот, како „воспитна“
од Валверде.