Валверде сака во Барса да донесе поранешен играч на Реал, се споменува сума од 50 милиони евра

by
1 минути читање

„Каталонците“
сакаат ова лето на Камп Ноу да донесат фудбалер од средниот ред кој знае да ја
нагази топката и две главни цели се Де Јонг од Ајакс и Рабио од ПСЖ. Но и двете
зделки тапкаат во место, не се бележи напредок и тоа ги принудува лидерите да
разгледуваат други опции.

Според денешното издание на Спорт, ново име на листата со желби е капитенот на
Валенсија, Дани Парехо, кој потекнува од школата на лутиот ривал Реал Мадрид и шест
месеци го носеше дресот на првиот тим на „Кралевите“.

Весникот пишува
дека Ернесто Валверде е огромен фан на Шпанецот, верува дека Дани Парехо е
одличен со топката, има извонредна визија и е адаптиран на Ла Лига.

Веќе е остварен
контакт со играчот и лидерите на Барса се распрашувале какви се шансите тој
да се пресели на Камп Ноу.

Се шпекулираат за
трансфер од 50 милиони евра (колку што изнесува откупната клаузула на играчо),
но според Спорт, Барса не помислува да ја плати оваа сума и ќе го ангажира фудбалерот
само за разумна и пореална бројка. Шампионот на Шпанија би можел да го понуди
Андре Гомеш на Валенсија за полесно да стигне до потписот на Дани Парехо.

Повеќе околу оваа зделка ќе се знае за една
недела бидејќи Барса ќе почека уште неколку дена за да види дали преговорите за другите цели (Де Јонг и Рабио) ќе можат да мрднат и да забележат прогрес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×