Валверде промаши пенал за победа, Реал тргна во новата ера со реми против Ал-Хилал! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид не успеа да го победи Ал-Хилал на отворањето на Светското клупско првенство – натпреварот на „Хард Рок Стадион“ во Мајами заврши без победник (1-1), иако „кралевите“ важеа за голем фаворит.

Чаби Алонсо и Симоне Инзаги дебитираа на клупите на двата тима, а поуспешно мина Италијанецот, чии избраници извлекоа реми. Реал поведе преку Гонзало Гарсија во 34. минута по асистенција од Родриго, но Ал-Хилал брзо возврати бидејќи Невеш беше прецизен од пенал во 41. минута.

Во второто полувреме Ѓулер погоди пречка, Гарсија уште еднаш се закани, но Боно беше одличен. Во финишот Валверде имаше златна шанса од белата точка, но голманот на Ал-Хилал пак се истакна и спречи победа на шпанскиот гигант.

Во оваа група се натпреваруваат уште Салцбург и Пачука.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×