Валверде призна една многу важна работа за Меси и Барса

by
1 минути читање

Лионел Меси
продолжува со блескавите игри, се уште е во свежи сеќавања неговата голема
мајсторија во победата кај Бетис со 1-4, Аргентинецот тогаш ја „натера“
домашната публика да го поздрави со овации по прекрасниот гол.

Веднаш потоа Меси
ги постигна двата гола во победата над градскиот ривал Еспањол, а синоќа имаше
нова магична партија.

Барселона водеше
со 0-2 на гостувањето кај Виљареал, но домаќините направија неверојатен пресврт
и дојдоа до водство од 4-2, но, во самиот финиш Меси и Суарез стапија на сцена
и донесоа реми за Каталонците, а Ернесто Валверде призна една мошне важна
работа, тимот има зависност од Меси.

Секако дека
постои зависност од Меси
“ рече шефот на стручниот штаб на Каталонците по
синоќешната драма од меч.

Тоа постои во
секоја екипа во светот, но, и кога тој не би бил во составот ние треба да
играме на победа, Лео е од огромно значење за нас и постава еден голем стил на
терените, не е непознато нешто тоа што тој е најдобриот на светот за нешто

посочи Валверде.

Реал Мадрид вечерва гостува на Местаља кај Валенсија, а Барселона во моментов има 13 бода предност во однос на третопласираниот тим предводен од Зидан во моментов, кој има меч помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×