Валверде објави соопштение, објасни што се случува во Реал Мадрид!

by Стефан
1 минути читање

Еден од клучните играчи во средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде, преку своите профили на социјалните мрежи одлучи да даде јасна слика за состојбата во тимот, по лавината шпекулации што деновиве кружат во шпанската јавност.

Последните медиумски написи зборуваа за наводно незадоволство во соблекувалната и бунт против тренерот Алонсо, но Уругваецот порача дека ситуацијата е спротивна и тврди дека тмосферата во клубот никогаш не била поединствена.

„По недела исполнета со разни приказни и сомнежи, денес можам да кажам дека сме пообединети од било кога. Да ги имаш Винисиус и Мбапе во тимот е привилегија, но вистинска чест е што играм за најголемиот клуб на светот, опкружен со тим кој живее за посветеност и работа“, истакна Валверде.

Тој додаде дека напорно работи за да го достигне своето најдобро ниво, а притоа ја нагласи важната поддршка што постојано ја добива од Алонсо.

„Тренерот отсекогаш стоел зад мене, ме поддржувал и правел сè што може за да напредувам и да му помогнам на тимот. Не е лесно, но верувајте и стручниот штаб и играчите се сплотени како никогаш досега“, заврши Уругваецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×