Барселона ја
задржа предноста од четири бода во однос на Валенсија на врвот на табелата
откако вечерва триумфираше во дуелот со Севиља.
Луис Суарез имаше
уште еден очаен натпревар, Лео Меси беше прилично тивок, но затоа пак
домаќините го имаа Пако Алкасер.
Напаѓачот има
ограничена минутажа, за него ова беше само втор старт во Ла Лига оваа сезона,
но донесе три златни бода.
Тој најпрво
искористи една грешка на гостинската одбрана за рутински да ја затресе мрежата
на Севиља во 23. минута за предност на Барса од 1-0.
Гостите
изедначија по еден час игра, Пизаро скокна највисоко по еден корнер од левата
страна и донесе 1-1.
Пет минути
подоцна, Алкасер ја врати во предност Барса и тоа во момен кога требаше да биде
повлечен од игра. Валверде ја имаше подготвено замената, Делофеу чекаше покрај
аут линијата да го замени напаѓачот, но пред да има прекин, Шпанецот погоди на
асистенција на Ракитиќ за 2-1 и по прославата на голот се упати на клупата.