Медиумите во Шпанија
денес излегоа со неколку варијанти околу почетните состави на обете екипи и
надмидрувањето околу тактичките замисли на Валверде и Зидан, сепак,и двајцата
стратези од клупите на шпанските гиганти ги отворија картите.
Ернесто Валверде,
како што беше најавено, празнината која ја остави Нејмар со заминувањето во ПСЖ
ова лето, во напаѓачкото трио ќе ја пополни со Деулофеу, за засилувањето кое
беше помпезно најавено ова лето, Семедо, нема место во почетните 11.
Барселона:
Штеген, Видал, Пике, Умтити, Алба,
Бускетс, Ракитиќ, Иниеста, Меси, Суарез и Деулофеу.
Од друга страна
пак, иако постоеше можност Зинедин Зидан да почне со Тео Ернандез на левата
бековска позиција и да го одмори Марсело, сепак францускиот стратег на крајот
се реши да ја одбере посилната страна и ќе стартува со Бразилецот на таа
позиција.
Иако постоеја неколку најави дека Роналдо ќе стартува на „Камп Ноу“,
сепак Португалецот се најде на клупата за резервни фудбалери, исто како и
засилувањето од Бетис ова лето, Себалјос.
Реал Мадрид:
Навас, Карвахал, Варан, Рамос,
Марсело, Крос, Касемиро, Ковачиќ, Иско, Бензема и Бејл.