Спорт претходно
ги најави почетните состави за вечерашната дерби пресметка на Камп Ноу каде
лидерот во Примера, Барселона на домашен терен го пречекува Атлетико Мадрид, а
од таа најава има неколку промени кои се однесуваат на гостинскиот состав.
Иако се очекуваше
Мората да почне од првата минута, сепак напаѓачот не се најде во почетните 11
кои ќе ги изведе Диего Симеоне, кај домаќините пак, Ернесто Валверде изведе
состав кој веројатно и беше очекуван.
Барселона:
Тер Штеген, Пике, Ракитиќ, Серхио,
Кутињо, Артур, Суарез, Меси, Ленгле, Алба и Роберто.
Атлетико Мадрид:
Облак, Луис, Годин, Хименез, Ариас,
Саул, Родриго, Томас, Коке, Гризман и Коста.
Последната
меѓусебна пресметка помеѓу овие две екипи заврши без победник, откако
Јорганџиите во ноември лани одиграа 1-1
со Каталонците на меч во Примера.
Дерби пресметката
на Камп Ноу вечерва (20,45) е од големо значење, домаќинот (70) има голема
шанса да направи голем чекор напред во битката за титулата, а Атлетико Мадрид (62)
со евентуално изненадување може сериозно да ги расипе сметките на Каталонците.