Валверде и Алегри ги отворија картите, ова се почетните состави за Барселона – Јувентус

by
1 минути читање

Барселона –
Јувентус, ова е дербито на вечерта во првото коло од Лигата на шампионите, сите
очи на големите љубители на фудбалот ќе бидат вперени во „Камп Ноу“, а
предводниците на двата клуба од клупата, Ернесто Валверде и Масимилијано Алегри
ги открија картите за вечерашната пресметка, познати се почетните состави на
обата тима.

Барселона: Штеген, Семедо, Пике, Ракитиќ,
Бускетс, Иниеста, Суарез, Меси, Дембеле, Алба, и Умтити (4-3-3).

Јувентус:  Буфон, Де Шилјо, Бенатија, Пјаниќ, Игуаин, Дибала, Кошта, Сандро,
Матуиди, Барзалји и Бентакур (4-4-1-1).

Двете екипи
досега имаат шест меѓусебни средби, во кои во победите се еднакви, по две,
додека пак две средби завршиле со нерешен исход.

Лани Јувентус го
елиминираше каталонскиот тим во четвртфиналната рунда од Лигата на шампионите,
најнапред дома го совлада со 3-0, а на гости одигра реми без голови.

Главен делител на
правдата на вечерашното дерби од елитното европско клупско натпреварување ќе
биде Словенецот Дамир Скомина.

 

Вечерашни
натпревари
:

Бенфика – ЦСКА Москва

Манчестер јунајтед
– Базел

Баерн Минхен –
Андерлехт

Селтик – ПСЖ

Челси – Карабах

Рома – Атлетико Мадрид

Барселона –
Јувентус

Олимпијакос –
Спортинг Лисабон

Можно е и ова да ти се допаѓа

×