Шефот на
стручниот штаб на Барселона, Ернесто Валверде нема никакви дилеми за прашањето
кој е најдобриот тренер во моментов, и покрај елиминацијата на Манчестер Сити
од Тотенхем во четвртфиналето од Лигата на шампионите, за него најдобриот е
токму Гвардиола.
„Гвардиола без
никакво сомневање е најдобриот тренер, и покрај елиминацијата во Лигата на
шампионите“ рече Валверде, а притоа одговори и на контроверзниот гест на Кутињо
по голот против Манчестер јунајтед.
Бразилецот
постигна фантастичен гол против Црвените ѓаволи на реванш пресметката на Камп
Ноу, но гестикулираше кон гледалиштето за тоа како ги слуша реакциите,
веројатно алудирајќи на зачестените критики кон неговата форма изминатиов
период, но, Валверде смета дека нема ништо од непочитување кон некого во
неговата реакција.
„Тој имаше гест
по голот, а искрено најмногу ме изненади тоа што сите говореа за гестот, а
најмалку за одличниот гол кој го постигна, тоа не изгледаше како да упатува
непочитување кон некого“ додаде Валверде.