Валенсија и Севиља одиграа 1-1 во дербито од Ла Лига, домаќините се изборија за ова реми благодарение на гол на Дуро во третата минута од судиското продолжение, македонскиот голман, Столе Димитриевски беше на клупата.
И покрај одличниот меч во Купот на Шпанија на кој беше херој, Димитриевски повторно беше на клупата на дуел од Ла Лига, така веројатно ќе биде и до крајот на сезоната.
Севиља поведе на мечот со гол во 58. минута, тоа беше автогол на Тарега за предност на гостите од 1-0.
Кога се чинеше дека гостите ќе ги однесат трите бода од Валенсија, Уго Дуро во 93. минута реализираше за конечни 1-1.