Валенсија е
првиот клуб од Шпанија кој пријави присуство на коронавирус во своите редови, по првите извршени
тестови, пет членови беа позитивни (тројца фудбалери, еден доктор и еден
делегат).
Вечерва клубот од
Местаља излесе со ново соопштение и извести дека има нови случаи на Ковид 19.
Имиња и конкретни
бројки не се откриваат, во известувањето до јавноста стои само дека 35% од
играчите и техничкиот персонал на тимот се заразени. Сите биле без симптоми и ќе
бидат во изолација во сопствените домови.
Од таборот на
Валенсија исто така нагласуваат дека коронавирусот прилично лесно и брзо се
шири, па затоа советува луѓето да седат дома и да ги следат препораките за
лична хигиена и мерките за превенција.