Како што пренесува Релево, Валенсија паралелно преговара со нашиот Елиф Елмас и Сусо од Севиља, ќе биде ангажиран само еден од нив, и тоа оној кој прв ќе ги прифати условите на „лилјаците“.
Утрово се појавија информации кои велеа дека Елиф Елмас ќе му стане соиграч на Столе Димитриевски во Валенсија.
Популарните „лилјаци“ до крајот на овој месец сакаат да ангажираат офанзивен фудбалер и Македонецот котира високо на листата на желби.
Но како што пренесува Релево, Валенсија паралелно преговара и со Елиф Елмас и со Сусо од Севиља.
Само еден од нив ќе се пресели на Местаља, и тоа оној кој прв ќе каже ДА и ќе ги прифати условите на „лилјаците“.
Релево додава дека Елиф Елмас се уште нема кажано ДА, но Македонецот е желен за една ваква зделка и се прават напори двете страни што е можно поскоро да пронајдат заеднички јазик.