Валенсија одигра за Барса и Севиља, пораз на Реал на Местаља (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Кралевите“ не ја
искористија првата „брејк топка“ откако вечерва на Местаља загубија со 2-1.

Во заостанатиот
натпревар од 16. коло, Валенсија со 2-1 славеше над Реал Мадрид и одигра за
Барса и Севиља.

Домаќините имаа
фуриозни први десет минути во кои одбраната на гостите два пати капитулираше.

Ѕаѕа го отвори
резултатот во 4. минута, а по еден брз против напад, Орељана зголеми на 2-0.

Роналдо кон
финишот на првиот дел намали на 2-1, но тоа беше се што направија избраниците
на Зинедин Зидан.

Реал останува на
врвот на табелата со +1 во однос на Барселона и +3 во однос на Севиља, и со
еден натпревар помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани