Голем број на извори пренесуваат дека преселбата на Столе Димитриевски во Валенсија е завршена работа, Македонецот ставил потпис на четиригодишен договор.
Валенсија подолго време имаше вербален договор со Столе Димитриевски, но за Македонецот да стави потпис на документите, се чекаше популарните „лилјаци“ прво да го продадат Гиорги Мамардашвили.
Но со оглед на тоа дека интересот за Столе Димитриевски беше голем, клубот од Местаља не сакаше ништо да ризикува, па реши да го зграпчи голманот уште сега.
Голем број на извори пренесуваат дека Столе Димитриевски ставил потпис на договор со Валенсија.
Новинарот Фабрицио Романо пишува дека станува збор за соработка до јуни 2028 година, додека пак Марка и Релево брифираат дека соработката е до јуни 2026 година, со опција да биде продолжена до јуни 2028 во зависност од настапите и успесите.
Stole Dimitrievski to Valencia, here we go! The Macedonian GK has signed four year deal, valid until June 2028.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 21, 2024
Mamardashvili, expected to leave with several clubs interested including Newcastle and Atlético Madrid. pic.twitter.com/VxYV7X9GlO